Skip to main content

Oд АБА лигата ќе се оди директно во Евролигата?

Претседателот на КК Будуќност Драган Бокан зборуваше за иднината на АБА лигата и можноста регионалното натпреварување да добие право на директно учество во Евролигата. Тој откри дека до АБА лигата стигнал предлог според кој шампионот ќе има загарантирано учество во Евролигата во следните десет години.

–   Предлог договорот за првакот на АБА да има директно учество во Евролигата е стигнат. Претходно беше најава, а од следната сезона почнува борбата, а уште оваа сезона ќе биде како досега (по старо), така да АБА лигата ќе биде зачувана, изјави Бокан за црногорските медиуми.

Тој уште еднаш истакна дека регионалната лига има сериозна финансиска основа и голем интерес кај клубовите и спонзорите.

Поврзани вести