Македонскиот народен театар објавува отворена аудиција за машка улога во претставата „Aнгели во Америка“ во режија на Филип Петковски и копродукција со „Пресврт“.
Претставата ќе биде работена во периодот од 1 април до 31 мај, а за истата во потрага сме по дипломиран актер на возраст меѓу 20-40 години, се вели во објавата од МНТ.
Аудицијата ќе се одржи во просториите на МНТ на 30 јануари со почеток во 11:00 часот, а заинтересираните кандидати можат да се пријават на следниот линк: https://forms.gle/LVU1VYZrePBS4an1A .
По пријавувањето, на селектираните кандидати ќе им бидат испратени дополнителни инструкции како и сцените кои треба да ги научат напамет.