Skip to main content

Град Скопје со помош за Венецуела – Скопје, град на солидарноста!

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека градот ќе додели финансиска помош за настраданите од разорните земјотреси што ја погодија Венецуела.

Скопје многу добро знае што значи болка по разорен земјотрес.

Нашиот град ја носи таа лузна длабоко во својата историја, но ја носи и најсилната порака, дека кога е најтешко, човечноста мора да биде најгласна.

По катастрофалниот земјотрес во 1963 година, Скопје не остана само.

Светот подаде рака, народи од сите континенти помогнаа градот повторно да се роди од урнатините, а меѓу првите земји кои застанаа со помош и солидарност беше токму Венецуела.

Тоа Скопје не го заборава.

Токму затоа, денес, кога народот на Венецуела се соочува со последиците од земјотресот, Град Скопје возвраќа со човечност, почит и поддршка.

Град Скопје доделува финансиска помош во висина од 1.200.000 денари за справување со последиците од земјотресот, како искрен чин на солидарност кон пријателскиот народ на Венецуела.

Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување.

Нашите мисли се со сите граѓани кои минуваат низ овие тешки моменти.

Скопје беше изградено од солидарноста на светот, меѓу кои беше и Венецуела.

Затоа Скопје денес е светски град.

Скопје памети. Скопје сочувствува. Скопје помага“, порачува Ѓорѓиевски.

Поврзани вести