Skip to main content

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Задушница, изменет пристапот до гробиштата

Поради одбележувањето на Задушница, утре (7 ноември) во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим околу градските гробишта, поради очекуваниот зголемен број посетители и возила.

Најголеми измени ќе има во близина на гробиштата Бутел, каде од 6 часот наутро ќе биде воспоставен еднонасочен кружен режим на движење.

Возилата што ќе се упатуваат кон гробиштата ќе се движат по улицата „Бутелска“, потоа ќе свртуваат лево по улицата „Александар Урдаревски“, продолжуваат лево по „Боца Иванова“ и потоа десно кон влезот на гробиштата.

За излез од комплексот, сообраќајот ќе се одвива по улицата „Боца Иванова“ до кружниот тек со „Бутелска“, по што возилата ќе продолжуваат по „Бутелска“ и ќе свртуваат десно кон улицата „Кемал Сејфула“.

Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен и во околината на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да ги следат упатствата на полициските службеници и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација за да се избегнат застои и метежи.

Поврзани вести