
Македонскиот прволигаш Башкими објави вечерва дека ќе ја продолжи сезоната во ПМФЛ без услугите на својот најдобар фудбалер Луис Рибеиро.
Како што објави кумановскиот прволигаш на социјалните мрежи, 25-годишниот португалски фудбалер ги напушта редовите на Башкими од семејни причини.
„Од семејни причини, со билатерален договор и разбирање, играчот и клубот одлучија да ја прекинат соработката. ФК Башкими 1947 изразува благодарност за сè што даде за нашиот дрес и му посакува многу успех во фудбалската кариера и среќа во семејниот живот“, се вели во клупското соопштение.
Рибеиро сезонава постигна шест голови на 12 натпревари во дресот на Башкими, кој е претпоследен на табелата со 10 бодови.

Македонски




