Skip to main content

Работилница за сценска изведба и вокален коучинг со Магдалена Алексовска денеска во КСП Центар- Јадро

Работилница за сценска изведба и вокален коучинг со Магдалена Алексовска на 6-7 јули | 17.00 до 20.00 часот.

Оваа интерактивна работилница е наменета за пејачи над 15 години кои сакаат да ги унапредат своите вокални и сценски вештини. Учесниците ќе имаат можност да работат на интерпретација, глума, сценско присуство, дикција, комуникација со публика и самодоверба. Преку практични вежби и индивидуален пристап, работилницата ќе им даде на учесниците корисни совети за развој на комплетен и автентичен уметнички израз.

Работилницата ја води Магдалена Алексовска, дипломиран Вокален Изведувач и вокален коуч со професионално искуство стекнато во САД и Германија. Дипломирана на Wagner College во Њујорк како најдобар студент на генерација во отсек музика.

Таа е усовршена во областа на вокална техника, сценската изведба и музичка интерпретација, во соработка со истакнати педагози и изведувачи.

Магдалена своето искуство го стекнува преку настапи и награди на Славјански Базар 2013, Детска Евровизија 2015, American Protégé 2017, Italian Idol, Carnegie Hall, Opera America, и The Jazz Gallery.
Таа има стекнато работно искуство во The Metropolitan Opera во Њујорк, и како професор по вокал, флејта и пијано во Victory Boulevard Music School во Њујорк. На македонската публика е позната со песните „Друг да ме нема“ и „Збори ми“. 

Целта на работилницата е поттикнување на креативност, самодоверба и професионален развој на млади музичари.

Информации за пријавување:
Видео-снимка на која изведувате една строфа и рефрен од песна по ваш избор. 

Поврзани вести