
МЕМЕНТО
Memento
Димитрие Османли / Македонија / 1967 / 97 мин
МЕМЕНТО е снимен во 1967 година и ја раскажува приказната за Јана која низ разговори и реминисценции со германскиот диригент Вили Милер се сеќава на своето миното и семејната трагедија што ја доживеала во катастрофалниот земјотрес во Скопје. Еден ден спроти земјотресот во Скопје, се запознаваат Вили Милер, германски диригент на пропатување низ Македонија, и Јана, студентка. Нивната повторна средба е по неколку години кога Вили Милер диригира еден концерт на Средбата на солидарноста во Скопје. Тие неколку дена поминати заедно се исполнети со своевидна реминисценција на Јана за доживеаната семејна трагедија, за нејзините лутања и за барањето начин повторно да го започне животот, запрен на денот на земјотресот.
Проекции
Вторник, 7 јули20:30
Оригинален јазик
150 ден
Улоги
Стево Жигон, Рената Фреискорн, Предраг Ќерамилац, Драги Костовски, Нада Гешовска, Петре Прличко, Тодор Николовски

Македонски



