
рофејниот германски тренер Јирген Клоп ја критикуваше одлуката на ФИФА да ја укине суспензијата на американскиот напаѓач Флоријан Балогун пред осминафиналниот натпревар на Светското првенство против Белгија.
Повеќе светски медиуми претходно јавија дека американскиот претседател, Доналд Трамп, наводно лично го контактирал претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, за да побара преиспитување на црвениот картон на Балогун.
Ако Доналд Трамп и Џани Инфантино навистина се согласиле за ова меѓу себе, тогаш тоа е неверојатно и апсолутно доведува сè во прашање“, изјави денеска Клоп за германската телевизија Магента ТВ.

Клоп, кој во медиумите се споменува како еден од главните кандидати за наследник на Јулијан Нагелсман на клупата на германската репрезентација, истакна дека „нема две мислења“ по ова прашање.
Доколку ова навистина се случило, останува можноста самите во американската репрезентација да одлучат да не го стават (Балогун) на теренот, со порака: „Не сакаме да биде вака“. Сите ги трпиме последиците од погрешните одлуки. Во текот на нашите животи учиме да живееме со нив“, рече Клоп.

Македонски



