
Над 300 килограми кокаин се запленети во Германија, во акција реализирана по брза размена на оперативни информации меѓу Одделот за криминалистичка полиција при МВР и американската Агенција за борба против наркотиците – ДЕА.
Според неофицијалните информации, кокаинот бил сокриен во товарен контејнер со банани, кој од Еквадор пристигнал на пристаниште во Холандија, а потоа бил транспортиран до Германија, каде што германската полиција ја реализирала заплената.
Клучна улога во откривањето на пратката имала размената на информации меѓу македонската криминалистичка полиција и американската ДЕА, по што германските полициски служби презеле конкретни активности.
Овој случај е уште еден пример за меѓународната полициска соработка во пресретнувањето на каналите за недозволена трговија со наркотични дроги и разбивањето на транснационалните криминални мрежи.
Брзата размена на оперативни сознанија, координацијата и соработката меѓу партнерските служби се клучни во борбата против организираниот криминал, особено кога станува збор за шверц на големи количества дрога преку повеќе држави.

Македонски




