Skip to main content

Вечерва македонска премиера на „17“ на Косара Митиќ на Скопје филм фестивал

Вечерва во 21 часот во Македонскиот нарооден театар (МНТ) на вториот ден од возобновениот Скопје филм фестивал ќе се одржи македонската премиера на филмот „17“ на Косара Митиќ, нашиот претставник за „Оскар“ за странски филм.

Улогите ги толкуваат: Ева Костиќ, Мартина Даниловска, Даме Јовески, Ева Стојчевска, Петар Маниќ, Јован Тодоров, Жаклина Стевковска Дрнасин, Ана Стојановска, Оливер Митковски, Сашко Коцев, Александра Пешевска, Симеон Дамевски, Ирена Димеска, Мина Јелушиќ, Луна Бејков, Алина Христовска.

„17“, долгометражното деби на режисерката Косара Митиќ ја доживеа својата Светска премиера во рамките на 76. издание на еден од најпрестижните филмски фестивали во светот – Меѓународниот Филмски Фестивал во Берлин.

Во киното „Фросина“ од 17 часот ќе биде прикажан „Тинејџерски секс и смрт во кампот Мијазма“ во режија на Џејн Шенбрун, а од 19 часот е „Спирали“ на Паоло Стриполи.

Поврзани вести