Skip to main content

Вардар вечерва го почнува патот кон Лигата на шампионите

 Македонскиот фудбалски првак Вардар го започнува својот настап во европските натпреварувања за сезоната 2026/27. На домашен терен „црвено-црните“ се домаќини на финскиот КуПС во првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Во пресрет на дуелот, капитенот на Вардар, Азер Омерагиќ, истакна дека тимот е подготвен за предизвикот и дека враќањето во најелитното европско клупско натпреварување претставува дополнителна мотивација за сите во клубот.

–  Максимално сме подготвени за дуелот. За Вардар е посебен мотив што по девет години повторно ќе настапува во Лигата на шампионите. Ќе одиме чекор по чекор. Најважно е да одиграме квалитетен прв натпревар, а потоа ќе се насочиме кон реваншот“, изјави Омерагиќ.

Новиот тренер на Вардар Кристијан Фабијани потенцираше во најавата на дуелот дека треба да се одигра квалитетно на двата натпревара односно фудбалерите да бидат на ниво 180 минути.

Натпреварот меѓу Вардар и Купс се игра вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“ со почеток во 19 часот. 

Поврзани вести