
Грчкиот министер за развој Такис Теодорикакос најави замрзнување на цените во супермаркетите во текот на два летни месеци, заедно со план за значително намалување на цените почнувајќи од почетокот на септември.
Крајот на војната на Блискиот Исток води кон нормализација на цените на нафтата и, следствено, намалување на меѓународните инфлаторни притисоци што се насобраа во последните месеци. На состанокот со претставници на индустријата и супермаркетите беше постигнат договор за потребата ова олеснување да се одрази, во прва фаза, на цените на производите во текот на двата летни месеци, со целосна стабилизација на цените и без нови зголемувања, рече Теодорикакис.
Тој напомена дека мерката ќе се и на 2.000 производи кои забележале намалување на цените од 6 отсто во последните неколку месеци, како резултат на строгата примена на мерката за ограничување на профитот што грчката влада ја воведекако итна мерка.
Бизнис-заедницата се обврза да ги задржи тие намалувања во текот на летните месеци за тие 2.000 шифри, додаде тој.
Исто така, најави и нешто што го опиша како „национален општествен договор“ кој ќе биде активиран наесен како поддршка за просечното грчко домаќинство – значително намалување на цените на основните производи за широка потрошувачка.

Македонски



