Skip to main content

15-годишник украл „опел“ и со него удрил во бетонски ѕид

Полициски службеници, во присуство на родител и социјален работник од Центар за социјални работи Велес, вчера во СВР Велес извршија службен разговор со 15-годишник, кој истиот ден на ул. „Алексо Демниевски“ во Велес го одзел возилото „опел“ со велешки регистарски ознаки“, сопственост на О.Т.(63) од Велес и со него удрил во бетонски ѕид, по што го напуштил местото на настанот.

Набргу, малолетникот бил пронајден и спроведен во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. Возилото е вратено на сопственикот и по целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, велат од МВР.

Поврзани вести