На 18.01.2025 година во 18.45 часот во село Боговиње, полициски службеници од ПО Камењане ја лишиле од слобода Д.А.(40) од с.Горно Палчиште, а по претходна пријава од страна на нејзината 70 годишна мајка.
-Според пријавата Д.А. во нивната семејна куќа во село Боговиње физички ја нападнала мајка си, информира МВР.
Лицето е задржано во полициска станица и по документирање на случајот, против неа ќе биде изготвен соодветен поднесок.