
Нападите врз трговските бродови во Црното Море влијаат врз интересите на ЕУ, изјави денеска портпаролот на Европската комисија, одговарајќи на прашање за вчерашниот инцидент во близина на брегот на Бугарија.
Целосно сочувствуваме со Бугарија по овие најнови напади. Нападите со беспилотни летала врз трговските бродови се дел од поширок модел на зголемени и опасни напади. Ова е неприфатлива ескалација што претставува ризик за безбедноста на регионалниот превоз, за интересите на ЕУ и за пошироката меѓународна заедница што се потпира на снабдување преку Црното Море, истакна портпаролот на ЕК.
Тој истакна дека ЕУ апелира на безбедно и достапно Црно Море.
Подготвени сме да соработуваме со Бугарија и Романија за овие прашања, посочи портпаролот на ЕК. (МИА)

Македонски

