Атрактивната скијачка Линдзи Вон откри дека наскоро ја очекува уште една операција. Прославената спортистка минува низ тежок период на закрепнување по повредата здобиена на Зимските олимписки игри во Милано, а со своите следбеници сподели и фотографија од третман со акупунктура.
Како дел од рехабилитацијата и подготовките за нова операција, Линдзи Вон се подложи на третман при кој во нејзиното тело беа вметнати неколку десетици тенки игли, кои служат за ублажување на болката и напнатоста. Фотографијата го привлече вниманието на нејзините следбеници, а скијачката исто така откри дека ѝ претстои уште една посета на операционата сала.