Skip to main content

Исчезнат маж извлечен мртов од водите на Вардар

Во близина на селото Црвени Брегови, во општина Неготино, од водите на реката Вардар било извлечено безживотно тело.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, пријавата се однесувала на исчезнато лице, по што на терен веднаш излегле екипи од Територијалната противпожарна единица Неготино и полициски службеници.

По извршената потрага, околу 20:20 часот, во близина на сепарацијата кај Црвени Брегови било пронајдено телото на маж, кое потоа било предадено за обдукција со цел да се утврдат точните причини за смртта.

Според првичните информации, станува збор за 76-годишен жител на Неготино. Надлежните институции продолжуваат со постапката и работат на целосно расчистување на околностите поврзани со случајот.

Поврзани вести