Skip to main content
ИН МЕМОРИАМ: САШО МИЛЕНКОВСКИ, РЕЖИСЕР И ДРАМАТУРГ

Се­ко­ја прет­ста­ва е пра­ша­ње на жи­вот и смрт

Драмски театар Скопје се простува од Сашо Миленковски (1963–2026), еден од најзначајните македонски режисери, драматурзи и театарски творци, чија уметност остави длабок белег во современиот македонски театар.

Роден во Битола во 1963 година, Миленковски припаѓаше на генерацијата режисери кои во почетокот на деведесеттите години внесоа нова естетика, современ театарски јазик и силен творечки импулс во македонската театарска уметност. Својата професионална кариера ја започна уште пред дипломирањето на Факултетот за драмски уметности во Скопје, како дел од легендарниот мултинационален театарски проект КПГТ во Суботица, каде што ги постави претставите „Госпоѓица Јулија“, „Рани јадови“ и „Злосторство и казна“, со што уште во раните години се етаблира како режисер со автентичен сценски израз.

Во текот на речиси четири децении творечка работа реализираше повеќе од педесет режии на сцените во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија и пошироко, работејќи подеднакво успешно на класичниот и современиот драмски репертоар. Со еднаква убедливост ги поставуваше делата на класичните автори, како Шекспир, Молиер, Достоевски и Бекет, но и современата драмска литература, оставајќи особено значаен придонес во афирмацијата на македонската драматургија.

Особено значајно место во неговото творештво имаше афирмацијата на современата македонска драма. Праизведбата на „Балканот не е мртов“ од Дејан Дуковски во Народниот театар Битола во 1992 година претставува едно од најважните сценски остварувања во поновата историја на македонскиот театар. Претставата освои четири награди на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, а беше изведена и на „Охридско лето“ и „Млад отворен театар“. Заедно со неговата режија на „Буре барут“ во Македонскиот народен театар во 1994 година, Миленковски даде клучен придонес во афирмацијата на драмското творештво на Дејан Дуковски на домашната и меѓународната сцена.

Во неговото богато творештво особено место заземаа режиите на драмите на Горан Стефановски – „Тетовирани души“, „Црна дупка“ и „Баханалии“, како и претставите „Кандид во земјата на чудата“, „Кинегонда во Карлаленд“ и „Јов“ од Венко Андоновски, реализирани во Драмски театар Скопје. Со еднаква посветеност ги поставуваше и делата на Братислав Димитров, Љубиша Георгиевски, Александар Поповиќ, Витомил Зупан и бројни други автори.

Покрај режисерската работа, Миленковски беше и драмски автор. Зад себе ги остави текстовите „Коледе“, „Game Over“, „Deus Ex Machina“ и „Ова не е американски филм“, кои ги реализираше и како авторски сценски проекти. Неговото творештво се прошири и на филмот, каде што работеше на документарните и играни филмови „Мајка Тереза“, „Голем Град“, „Љубинко и Десанка“ и „Преспа“.

Неговиот придонес не се ограничуваше само на режијата. Во 1999 година го основа независниот театар „Бабилон“, а од 2006 до 2010 година ја извршуваше функцијата директор на Македонскиот народен театар. Од 2010 година беше драматург во Драмски театар Скопје, каде што активно придонесуваше во обликувањето на современиот репертоар и со своето знаење, искуство и висок професионализам остави неизбришлива трага во работата на театарот. Неговото присуство и творечка енергија ќе останат трајно врежани во меморијата на Драмски театар.

За својот богат творечки опус, Миленковски доби бројни домашни и меѓународни признанија. Во 2026 година му беше доделена и Наградата за животно дело на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ за неговото повеќедецениско творештво и придонес кон македонската театарска уметност. Двапати беше добитник на наградата за најдобра режија на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, а претставите „Game Over“ и „Македонски рулет“, во негова режија, беа прогласени и за најдобри претстави во целина. Добитник е и на наградата за најдобра режија на театарскиот фестивал во Нови Сад за претставата „Злосторство и казна“, како и на наградата за најдобра претстава во Србија за „Ниш експрес“.

Со својата посветеност, уметничка смелост и творечки интегритет, Сашо Миленковски беше еден од творците што го обликуваа современиот македонски театар. Неговото дело ќе остане траен дел од македонската култура и ќе продолжи да сведочи за моќта на театарската уметност.

„Република“ го објавува интервјуто со Сашо Миленковски објавено во мај 2016 години, а поводот тогаш бил прославата на 70-от роденден на Драмски театар Скопје со претставата „Буре барут“ во режија на Миленовски.

Пред по­ве­ќе од две де­це­нии на сце­на­та на Ма­ке­дон­ски­от на­ро­ден те­а­тар (МНТ) ре­жи­се­рот Са­шо Ми­лен­ков­ски прв­пат го по­ста­ви тек­стот на Де­јан Ду­ков­ски „Бу­ре ба­рут“. Оваа дра­ма е нај­че­сто по­ста­ву­ва­ни­от драм­ски текст на Ду­ков­ски и е из­ве­ду­ван во Гр­ци­ја, Ја­по­ни­ја, Гер­ма­ни­ја, Хр­ват­ска, Дан­ска, Хо­лан­ди­ја, Швед­ска и Бу­га­ри­ја. Сни­мен е и игран филм по овој текст.

Се­га Ми­лен­ков­ски втор­пат го по­ста­ви тек­стот, овој пат во Драм­ски те­а­тар, кој ре­ши со оваа прет­ста­ва да го прос­ла­ви зна­чај­ни­от ју­би­леј, 70 го­ди­ни по­сто­е­ње. Ин­те­рес­но е што прв­пат се по­ста­ву­ва текст на Ду­ков­ски на сце­на­та на Драм­ски. Прет­ход­но не­го­ви тек­сто­ви би­ле по­ста­ве­ни во Драм­ски, но тоа би­ле ко­про­дук­ции.

Миленковски: Нај­на­суш­ни и нај­де­фи­ци­тар­ни не­шта во ова вре­ме се лич­ни­от ин­те­гри­тет и ко­ле­ктив­ни­те и лич­ни­те кри­те­ри­у­ми

Пред по­ве­ќе од две де­це­нии овој текст на Де­јан Ду­ков­ски прв­пат го по­ста­ви­вте на сце­на­та на МНТ. Што е де­нес по­и­на­кво од то­гаш?

МИЛЕНКОВСКИ: Ко­га ја пра­вев пр­ва­та прет­ста­ва има­ше еден друг вид ко­ле­ктив­на ду­хов­ност, ко­ја се по­ја­ви во прет­ста­ва­та, во вид на мал­ку по­го­ле­ма до­за оп­ти­ми­зам би­деј­ќи то­гаш се рас­пад­на СФРЈ и поч­нав­ме да пра­ви­ме сво­ја др­жа­ва. По 23 го­ди­ни, ко­га од­но­во го про­чи­тав тек­стот, ми ста­на јас­но де­ка „Бу­ре ба­рут“ е ка­ко лак­му­со­ва хар­ти­ја и ко­га ќе го спу­штиш во одре­де­на епо­ха мно­гу точ­но ги ди­јаг­но­сти­ци­ра проб­ле­ми­те на таа епо­ха. За­бе­ле­жав де­ка и по­крај не­го­ва­та ду­хо­ви­тост и ху­мо­рот во сце­ни­те, се­пак це­ло­то оп­кру­жу­ва­ње е мно­гу мрач­но би­деј­ќи тек­стот збо­ру­ва за то­гаш­ни­от бал­кан­ски мрак, за по­себ­на­та до­за на са­мо­у­ве­ре­ност на бал­кан­ски­те на­ро­ди и нив­но­то чув­ство за по­себ­ност. Би­деј­ќи вре­ме­то во кое жи­ве­е­ме се из­ме­сти од сво­јот ко­ло­сек, ве­ќе не мо­же­ме да из­мис­ли­ме мно­гу па­мет­ни при­чи­ни зо­што не­што би на­пра­ви­ле, за­тоа ре­шив­ме да не се за­ни­ма­ва­ме со при­чи­ни­те и со ка­у­зал­но­сти­те, ка­ко кај Пин­тер, зо­што не­кој се од­не­су­ва на одре­ден на­чин, ту­ку ка­ко се од­не­су­ва. На не­кој на­чин, „Бу­ре ба­рут“ е вто­ра фа­за од мо­ја­та ре­жи­ја на „Јов“, ка­де што го тре­ти­рав проб­ле­мот на ин­те­гри­тет. Нај­на­суш­ни и нај­де­фи­ци­тар­ни не­шта во ова вре­ме се лич­ни­от ин­те­гри­тет и ко­ле­ктив­ни­те и лич­ни­те кри­те­ри­у­ми.

За ко­го е оваа прет­ста­ва?

МИЛЕНКОВСКИ: Ова е прет­ста­ва е за чес­ни­те, скром­ни, пов­ле­че­ни и ти­вки лу­ѓе. Во буч­ни­те вре­ми­ња ти­вки­те лу­ѓе се мно­зинс­тво. Но, ко­га на нив ќе им пук­не фил­мот, то­гаш ста­ну­ва опас­но за си­те. Прет­ста­ва­та е за ти­вки­те лу­ѓе во мо­мен­тот пред да им пук­не фил­мот. Во тек­стот има не­кол­ку убис­тва, но нив ги не­ма на сце­на­та, би­деј­ќи ги за­пи­ра­ме во мо­мен­тот пред са­ма­та ег­зе­ку­ци­ја.

Со оваа прет­ста­ва Драм­ски го прос­ла­ви 70. ро­ден­ден. Ре­ко­вте де­ка со неа са­ка­вте да ги обе­ди­ни­те си­те ге­не­ра­ции во те­а­та­рот. Да­ли Ви ус­пеа тоа?

МИЛЕНКОВСКИ: Са­кав­ме пра­веј­ќи ед­на прет­ста­ва да ги за­ле­ку­ва­ме вна­треш­ни­те по­дел­би. Оп­штес­тво­то е по­де­ле­но ду­ри, ако са­ка­те, и при­ја­те­ли­те се по­де­ле­ни, пред сѐ по­ли­тич­ки. Ра­бо­теј­ќи на оваа прет­ста­ва, без раз­ли­ка на по­ли­тич­ки­от пог­лед на свет за кој се за­ла­га­ат при­ват­но акте­ри­те, се обез­бе­ди ед­на сил­на за­ед­нич­ка пла­тфор­ма. Да се раз­бе­ре­ме, прет­ста­ва­та не е ни­ту „про­тив“, ни­ту „за“ за ед­ни­те или дру­ги­те. Таа се за­ни­ма­ва по­су­штин­ски, пра­ви ед­на ана­ли­за на ге­не­за­та зо­што се до­а­ѓа до тоа. Мис­лев де­ка ако ор­га­ни­за­ци­ски ра­бо­ти­ме за­ед­но по­дол­го вре­ме, де­ка на­ви­сти­на ќе ги над­ми­не­ме тие раз­ли­ки ме­ѓу нас и ус­пе­ва­ме. Тоа бе­ше на­ша вна­треш­на ми­си­ја, не бе­ше за пуб­ли­ка­та, да го за­це­ли­ме Драм­ски. Тоа што ќе го пла­си­ра­ме ка­ко ко­ле­кти­вен впе­ча­ток за прет­ста­ва­та, се­ка­ко, не е оп­ти­ми­стич­ки, но дла­бо­ко во се­бе со­др­жи ед­на сил­на ме­та­фи­зич­ка по­ра­ка. А тоа е де­ка ма­ке­дон­ски­от на­род е жи­лав на­род. И оп­ста­нал. Тој е ка­ко те­а­та­рот. Те­а­та­рот, исто та­ка, е жи­лав ме­ди­ум, ги пре­жи­веа ра­ди­о­то, те­ле­ви­зи­ја­та, ин­тер­не­тот. Са­ли­те уште ни се пол­ни. Та­ка и ма­ке­дон­ски­от на­род. Ма­ке­дон­ски­от на­род дол­го вре­ме веж­бал оп­ста­нок. И таа лек­ци­ја мно­гу до­бро ја знае. Ние мо­же да на­пи­ше­ме упат­ство за оп­ста­нок на на­ци­и­те што мо­же да го ко­ри­стат мно­гу по­се­ри­оз­ни на­ции што се­га се ко­ле­ба­ат око­лу сво­јот иден­ти­тет. Тоа што е ин­те­рес­но е де­ка на­ши­от иден­ти­тет не про­из­ле­гу­ва од ин­сти­ту­ци­и­те на си­сте­мот. Про­из­ле­гу­ва од вна­треш­на­та по­тре­ба, дел е од фолк­ло­рот. Мно­гу е по­си­лен, жи­вее во ја­зи­кот, во пес­на­та, во не­ма­те­ри­јал­но­то кул­тур­но до­бро што ни го но­си. И чу­до е ка­ко оп­ста­ну­ва. На­ви­сти­на е чу­до. Мал на­род, ќе си ре­чеш, про­сто е не­ве­ро­јат­но ка­ко пре­жи­ву­ва.

Миленковски: Те­а­та­рот мо­же сил­но да ве здо­бо­ли, за раз­ли­ка од мно­гу дру­ги ме­ди­у­ми, за­тоа што е жив, се слу­чу­ва пред вас

Ќе го спа­си ли те­а­та­рот све­тот?

МИЛЕНКОВСКИ: Не го са­кам те­а­та­рот што го спа­су­ва све­тот. Не го са­кам те­а­та­рот што са­ка да вле­зе и да спа­су­ва не­што. Те­а­та­рот ви е ди­јаг­но­за. Ако ви ди­јаг­но­сти­ци­ра­ат не­ко­ја те­шка бо­лест, тре­ба са­ми да се спа­су­ва­те. Ние по­ста­ву­ва­ме пра­ша­ња, а не од­го­во­ри. Ни­ту те­а­та­рот мо­же да го спа­си све­тот, ни­ту све­тот мо­же да го спа­си те­а­та­рот. Но, те­а­та­рот мо­же сил­но да ве здо­бо­ли, за раз­ли­ка од мно­гу дру­ги ме­ди­у­ми, за­тоа што е жив, се слу­чу­ва пред вас. Ту­ка е, во тој мо­мент. Ту­ка е таа не­го­ва та­на­тич­ност. Те­а­та­рот жи­вее са­мо во ме­мо­ри­ја­та на гле­да­чи­те и на акте­ри­те. Со не­го­ва­та смрт оста­ну­ва­ат не­кол­ку фо­то­гра­фии, не­ко­ја ре­цен­зи­ја. Ток­му таа та­на­тич­ност е ерот­ска. Тоа е се­ри­оз­на­та вр­ска ме­ѓу еро­сот и та­на­то­сот. За­тоа е воз­буд­ли­ва.

Да­ли ре­жи­ра­ње­то на прет­ста­ва е пра­ша­ње на жи­вот или смрт?

МИЛЕНКОВСКИ: Јас сум ка­ко де­те. Прет­ста­ви­те ги гле­дам ка­ко ов­чар. Ја пу­штам ра­ка­та да ме зе­мат. Мно­гу че­сто ми оста­ну­ва ра­ка­та да ми ви­си во воз­дух, ни­кој не ме зе­ма и не ме но­си во нив­ни­от свет. Се­ко­гаш имам воз­бу­да ко­га пра­вам прет­ста­ва. Се­ко­ја прет­ста­ва е пра­ша­ње на жи­вот и смрт, се­ко­ја прет­ста­ва од­но­во. Со искус­тво­то си по­е­фи­ка­сен, не пра­виш два­па­ти иста глу­пост. Но, су­штин­ски си ис­пра­вен пред гос­под. Те­а­та­рот е ме­ди­ум, ка­ко це­де за му­зи­ка­та. Му­зи­ка­та е важ­на. А ту­ка сте ис­пра­ве­ни пред веч­но­ста. Ни­кој не мо­же да го на­веж­ба соз­на­ни­е­то на су­ди­рот со веч­но­ста, не­ма та­ква ра­бо­та.

Да­ли „Бу­ре ба­рут“ во Драм­ски ќе го до­стиг­не тоа „Бу­ре ба­рут“ во МНТ во гле­да­ност, на­гра­ди, го­сту­ва­ња?

МИЛЕНКОВСКИ: Иста суд­би­на по тоа пра­ша­ње ќе има и оваа прет­ста­ва. Тоа вед­наш се гле­да. Точ­но зна­е­ме, ко­га тех­ни­ка­та ќе поч­не да се со­би­ра, да ги гле­да про­би­те, ме­сто да ра­бо­ти, то­гаш зна­е­ме де­ка има­ме до­бра прет­ста­ва, ќе има го­лем ти­раж, ќе има на­гра­ди. На два де­на пред пре­ми­е­ра, по­сто­ја­но ре­жи­рам. И си­те го зна­ат тоа. До­пра­вам, ме­ну­вам, пра­вам, кро­јам до пос­ле­ден мо­мент.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Поврзани вести