
Детално навлегуваме во оваа проблематика. Лично се занимавам во идентификување на тие 600 производи кои што влегуваат во статистиката и лично јас го имам тоа како врвен приоритет. Добро е што Еуростат излезе со параметар во кој штои вели основната потрошувачка кошница во Македонија е најевтина во Европа, убедливо најевтина со некаде 49,7% од европшскиот проесек, изјави денеска премиерот Христијан Мицксоки одговарајќи на новинарско прашање во однос на прехранбените производи.
Дали е тоа доволно, не е. Но, тоа ги демантира сите оние кои што не сакаат оваа држава да успее и не скааат да ја видат Македонија горда и напредна и кои што се практоично сите оние зли јазици кои што создаваат една лоша, тмурна атмосвера општеството, рече Мицкоски.
Ваквите податоци, ваквите пареметри ги демантираат тие антидржавни елементи во Македонија, вели премиерот.
Дали е тоа доволно, не е доволно. Дека треба да работиме, ќе работиме и јас лично работам на методологија на идентификување на тие 600-700 производи кои што статистички се мерат и дирекно на нив ќе одиме, ако треба фактура по фактура. Еден по еден производ ќе ги анализираме каде можеме да покачиме и како можеме да покачиме, така што ова е една темелна операција која што, лично ја водам и очекувам многу скоро да има резултати кои што ќе бидат видливи на терен, истакна Мицкоски.

Македонски



