
Како дел од воспоставена традиција за препознавање на младинскиот ангажман, повторно се отвора повикот за Наградата за младинско учество – признание за младите кои со својата работа, идеи и иницијативи придонесуваат за позитивни општествени промени.Министерството за социјална политика, демографија и млади и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, го објави повикот за номинации за Наградата за младинско учество 2026.Наградата има за цел да ги препознае младите и младинските организации кои активно придонесуваат кон развој на заедниците, јакнење на социјалната кохезија и поттикнување на позитивни општествени промени.Овогодинешното издание се доделува во три категории:• Индивидуална категорија „Млади, мир и безбедност“ (15–29 години)• Неформални групи на млади (3+ членови)• Младински организации, организации за млади и чадор организацииПосебен акцент оваа година е ставен на темата „Млади, мир и безбедност“, со фокус на дијалог, ненасилство, доверба и градење инклузивни и отпорни заедници.Добитниците ќе добијат и финансиска поддршка, со цел да се обезбеди унапредување на нивната работа и активности, во износ од:• 1,500 EUR за индивидуална категорија;• 3,000 EUR за неформални групи на млади; и• 3,000 EUR за младински организации.Краен рок за поднесување номинации: 7 јули 2026 година, до 23:59 часот.Наградата традиционално се доделува на Меѓународниот ден на младите – 12 август, кога се слави младинскиот активизам и придонесот на младите во општеството.Ова е повик да се препознаат младите кои не чекаат промена – туку ја создаваат.Целосниот повик е достапен на овој линк, а номинациите се поднесуваат преку пополнување на формуларот на следниот линк: https://forms.office.com/e/RB0dTgn3V0

Македонски



