
Актерката Анастасија Ласоска од НУ Театар за деца и младинци – Скопје, ја освои Наградата за најдобро актерско остварување на 25. Меѓународен фестивал за детски театри во Бања Лука. Наградата и е доделена за толкувањето на ликот на Садако во претставата ,,Садако сака да живее”.
„Трагедијата која и се случи на девојчето Садако, како и на сите жители на Хирошима, актерката Анастасија Ласовска ја одигра исполнета со детска наивност во играта и желбата за безгрижно секојдневие со своето семејство. Со што ја нагласи трагичноста но и даде надеж за подобро утре.“ – се вели во образложението на жирито.
Театарот неодамна се закити со уште една награда. И тоа на На 11. издание на Меѓународниот фестивал за анимација „Под волшебното стапче на Мерлин“ („Sub Bagheta lui Merlin“), кој се одржа во Темишвар, Романија од 27 септември до 4 октомври. Таму претставата „Франкенштајн“ освои престижна Награда за колективна игра (Award for Ensemble Performance).

Македонски

