Skip to main content

Канада-Јужна Африка прв пар во плејоф фазата на СП

 Одреден е првиот пар од плејофот за Светското првенство 2026. По победата на Јужна Африка над Јужна Кореја ноќеска со 3:0 во натпреварот од третото коло од групната фаза, африканската репрезентација заврши втора во А-групата.

Противник на Јужна Африка во првата рунда од нокаут фазата ќе биде Канада, која заврши втора во Б-групата.

Натпреварот ќе се одржи в недела, 28 јуни во Инглвуд, почетокот е во 21 часот по македонско време

Поврзани вести