
Во рамките на фестивалот „Скопско лето“ денеска во Музејот на Град Скопје ќе биде промовирана книгата „100 години ‘Палјачи’ во Штип (1925-2025): Операта што ја отвори македонската музичка сцена“ од проф. д-р Наташа Диденко. Театарот за деца и младинци, пак, од 19 часот ќе ја изведе претставата „Патот на Баба Јага“ од Хана Корнети, во режија на Хана Миленковска.
На програмата на „Скопско лето“ вечер е уште една претстава – од 20.30 часот на сцената на Турски театар-Скопје (Tеатар Комедија) ќе биде изведена претставата „Пролет“ по текст на Мурат Џан Кибироглу и во режија на Али Волкан Четинкаја.

Македонски



