
Во галерија „Остен“ вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Дијалог на форми“, на која ќе бидат претставени слики од Мице Јанкуловски и скулптури на Блаже Крстаноски.
Како што соопшти „Остен“, изложбата го истражува длабокиот дијалог помеѓу двајца автори, две уметнички дисциплини и два креативни света.
Изложбата е место на средба во која формите водат свој разговор, без зборови, но со силен визуелен јазик. Посетителот има можност да ја доживее уметноста како жив разговор – разговор кој не бара посредник, туку самиот гледач станува учесник во него. Формите на платната и формите во просторот комуницираат, се надополнуваат, понекогаш и контрастираат, но секогаш создаваат целина – хармонична или дисхармоночна, соопшти „Остен“.
Изложбата за посетители ќе биде отворена до 8 јули.

Македонски



