
Селекторот на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, ги искажа своите впечатоци по синоќешниот триумф над Катар со 3:1 во третото коло од групната фаза на Светското фудбалско првенство 2026.
– Сакавме да направиме историја, но не знаевме дека ќе стигнеме толку далеку. Се подразбира дека секогаш се обидуваме да го дадеме најдоброто од себе и сме горди на она што веќе го постигнавме. Добив толку многу пораки од луѓе во Босна – прекрасно е. Ќе биде одлично да славиме со навивачите кога ќе се вратиме. Наскоро ќе го сфатиме тоа – нема зборови да се опише колку сум среќен во моментов, изјави Барбарез за веб-страницата на ФИФА.
Босна и Херцеговина со четири бода од три натпревари заврши трета во Групата Б и се пласира во плејофот на Мундијалот.
Речиси извесно е дека во 1/16 финалето противник на Босна и Херцеговина ќе биде ко-домаќинот на Мундијалот, репрезентација на САД. Овој натпревар треба да се игра ноќта 30 јуни кон 1 јули во 3 часот по македонско време

Македонски



