Skip to main content
4OPjTs6-kmg

Европскиот парламент се претвори во бугарска скупштина

Слатка е фотељата, човек кога ќе седне тешко може да стане, некако се привикнува на удобноста и мекиот сунгер. Нашата во студиото не е толку удобна, ама на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ ептен им е погодена.

Како се залегнати, мислат цел живот ќе бидат на власт. Немојте да ви се удри од глава па и оние неработниците од СДСМ да ги вратите на власт, коментира авторот на ТВ Колумна “5 минути со Чавез“.

Ако тоа го направите за некоја година сте вистински таленти. А натака сте тргнати. Толкава ароганција и глумење недостапност. Министри од ВМРО, директори, шефчиња, функцијата не е трон на кој ќе седите доживотно и доказ дека сте успеале во животот, Функцијата е обврска да му служите на народот кој ве донел на тоа место. Како се вели народ дава-народ зема. Фотелјата ви стана помила од народот.

Скапото одело, кошула и чевли не ве прават дека сте поразлични од обичниот човек кој можеби едвај сврзува од први до први и во очај ќе ви се јави за да побара помош. А вие баш тогаш сте недостапни или имате работа преку глава и не можете да му одвоите ни една минута да го ислушате. Или пак ќе го препратите кај секретарката која за да го откачи ќе му каже „да се слушнеме од понеденик“.

Е тој понеделник, за вас брзо ќе дојде и се вика реконтрукција. Ако оваа изјава на премиерот Мицкоски не ви биде поука не знам што може да биде. Некои можеби ќе ја сфатат пораката а другите ќе си тераат по старо. Секој со својот памет.

Заборавивте каде беше вмро во 2017, 2018 година, полураспадната со СЈО на врат, со кривични пријави. Сакате тоа време да се врати. Убаво потсетува лидерот Мицкоски дека тогаш околу него биле само неколкумина кои верувале дека сево ова денеска е можно. Ама со многу работа. И по сето тоа вие денеска да не кревате телефон на обичниот човек па дури и на новинари кои си ja работат својата работа во служба на граѓаните.

Министри од ВМРО, Сакате да бидете каков овој. Заев ви е идол. Сакате и вие да се шетате со јахти по белиот свет. Откако ја омажи Македонија во богата фамилија сега плови како капетан во јахтиче од најмалку половина милион евра. Oвој треба да ви биде пример. Исунчан, освежен ни се смее во фаца дека сите не направи мајмуни. Туку какво е ова другарство, кај му е бизнис партнерот Филипче. Едно време пловеа заедно со Венко. Ееее Зоки Зоки, ич не си другар, го остави другарти дома да се мачи да објаснува дека треба да ги внесеме Бугарите во Устав за да почнеме преговори. А ти Зоки нели веќе еднаш почна преговори, ти видат муабети овие вмровциве. Заев е доказ дека и со три часа на училиште може да се дојде до јахта и Дубаи. Само небото е граница за вакви трговци.

Европскиот парламент се претвори во бугарска скупштина. Наместо европски вредности пропагира средновековни. Бирократите од Брисел потпаднаа под влијание на бугарските европратеници па во Резолуцијата за напредокот на Македонија влезе и Вториот протокол од преговарачката рамка во кој е историската комисија, учебниците, Гоце Делчев и уставните измени и уште нешто што по пат ќе го побараат Бугарите. Ене ги сега се фатија и за Охридската архиепископија за која ќе бараат да прифатиме дека е бугарска. ЕУ песимисмот по се изгледа не е руска направија туку бриселски патент.

Наезда на нови будалетинки од исток. Овој пат доаѓаат од партијата на Костадин Костадинов. Не оној струмичкиот.

Кое това момиче. Рада сака да биде позната во Македонија па затоа е опседната со нашата историја и јазик. Еми ела при нас, ќе ти најдеме и гаџе, односно момче македонче, прашува авторот на колумната.

Поврзани вести