Skip to main content

Падна фасада од зграда во Карпош, оштетени три возила

Три возила се оштетени откако падна дел од фасада од зграда во општина Карпош на улицата Јуриј Гагарин број 33. Полиција беше на лице место и направи записник а додека екипата на Телма снимаше, повторно дел од фасадата падна врз паркираните автомобили на жителите на висококатницата, кои втор пат се соочуваат со истиот проблем.

Денеска околу 16:20 часот комшиите нè известија дека е паднат дел од фасадата. Оштетени се три возила. Известени се повторно центарот за управување на кризи, полиција. Малку тешко одеше контактот со инспекторатот од Општина Карпош, но мислам дека полиција тоа ќе го реализира. Бараме решение од Општина Карпош и да постапи по истиот. Ова е опасност за станарите и за случајните минувачи. Само среќа е дека во двата наврата нема повредени жители од овој дел или случајни минувачи – вели Ана Донева, станарка во зградата.

Едно од оштетените возила е токму на Ана Донева. Тие веднаш се обратиле и до општина Карпош, а оттаму веќе излегоа на терен и го одбележаа местото за да не се повреди некој случаен минувач. Од општина Карпош лани кога прв пат паднал дел од фасадата писмено во октомври 2025 година ги известиле дека се преземаат сите дејствија за решавање на проблемот.

Извор: Тв Телма

Поврзани вести