Skip to main content

ФОТО: Акција за отстранување на хаварисани возила низ Карпош

Секторот Инспекторат од Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач Green road, денеска спроведе редовна акција за подигнување на отпадните (хаварисани) возила од јавните површини на територија на локалната самоуправа.

Од Општината информираат дека акцијата се одвиваше во реонот на У.З. „Владо Тасевски“ каде беа отстранети неколку отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно се водеше инспекциска постапка.

Целта на оваа иницијатива е ослободување на јавните површини, како и подобрување на квалитетот на здравата животна средина.

Општина Карпош апелира на совесно однесување на граѓаните, во насока на заедничко дејствување за почист Карпош.

Поврзани вести