Skip to main content

До петок е отворена изложбата во НУБ „Свети Климент Охридски“ во чест на Кочо Рацин, изложени се негови оригинални дела

Фејсбук профил на НУБ „Свети Климент Охридски“ Скопје

Националната универзитетска библиотека (НУБ) „Свети Климент Охридски“ во Скопје на 13 јуни отвори изложба во чест на Кочо Рацин. Изложени се дел од оригиналите на неговите дела и дел од публикациите посветени на него, сите сопственост на НУБ. Изложбата ќе биде отворена до 19 јуни.

Рацин бил убиен на 13 јуни 1943 година.

Неговата поезија е нераскинлив дел од нашиот идентитет, затоа Националната библиотека денес отвора изложба во негова чест. Рацин во време на Втората светска војна е нераскинливо врзан со нашата институција, тогашната Народна библиотека. Во просториите на Библиотеката, директорот Георги Шоптрајанов го криел Кочо повеќе месеци од фашистичките агенти. Покрај тоа што Кочо се криел во Библиотеката бил и голем љубител на книгата и на пишаниот збор, па не пропуштал прилика секогаш да земе да прочита некоја книга. НУБ со гордост чува оригинали од делата на Кочо Рацин, како и огромен број на публикации посветени на Рацин, велат од НУБ „Свети Климент Охридски“ Скопје.

Фото: Фејсбук профил на НИБ „Свет Климент Охридски“ Скопје

Поврзани вести