Skip to main content

Тинејџери се судрија со мотори, двајцата возачи немале дозвола

На 14.06.2026 во 16:30 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека во с.Ораовица, радовишко, на место викано „Манастирско место“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „априлија“ со радовишки регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од с.Ораовица, радовишко и мотоцикл „хонда“ управуван од К.Т.(18) од с.Подареш, радовишко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, додека со телесни повреди сопатникот од мопедот, 16-годишник од с.Ораовица, радовишко, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш, при што е констатирано дека двајцата возеле без возачка дозвола, информира МВР.

По целосно документирање ќе следуваат соодветни пријави.

Поврзани вести