Skip to main content

Македонските кошаркари стартуваат со подготовки за јулските претквалификации

КФМ

Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација утре претпладне официјално ќе ги почне подготовките за третиот дел од претквалификациската трка за пласман во квалификациите за Евробаскетот во 2029 година.

Селекторот Жозеп Мариа Берокал повика 25 кошаркари, составувајќи поширок список на кои се и неколкумина дебитанти, а се со цел да се запознае со нивниот потенцијал и квалитет, како и да се подготват за претстојните натпревари.

Подготовките се фокусирани на дуелите од „А“ групата на претквалификациите, кои вклучуваат натпревари против Ирска и Луксембург.

Тренинзите ќе се одржуваат во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

Во подготвителниот период ќе биде потврдено и кој од натурализираните кошаркари, ќе бидат во конкуренција за место во тимот.

Првиот натпревар е закажан за 2. јули против селекцијата на Ирска, а следува гостувањето во Луксембург на 5. јули. 

Поврзани вести