Skip to main content

Репрезентацијата мора да биде најчистото место во македонскиот фудбал

На социјалните мрежи во групата „Сакам живот во Македонија“ е објавен статус под наслов САКАМЕ ЛИ ВООПШТО НИЕ МАКЕДОНСКА ДРЖАВА?. Во продолжение го пренесуваме во целост.

САКАМЕ ЛИ ВООПШТО НИЕ МАКЕДОНСКА ДРЖАВА?

Ако сакаме дали знаеме што значи тоа?

Да ја пееш македонската химна. Да навиваш за македонската репрезентација. Да се гордееш со македонската филхармонијата, со македонскиот театар, со успехот на нашите македонски спортисти, македонски музичари, македонски уметници.

Едноставно — да го сакаш тоа што е твое, и каде припаѓаш.

Затоа е испаѓа дека е чудно кога игра Македонија, а стадионот е полупразен. Имаме стадион за 33.000 луѓе, а на трибините 5 000 луѓе и 3000 шкотланѓани.

Во Македонија тренираат фудбал сигурно 10000деца, имаат родители, тренери … плус илјадници политичари кој од уста не ја вадеа никогаш северна, и сега тој патриотизмот неможат да покажат ни со одење на стадион камоли со нешто повеќе.

Нешто е овде много симптоматично!

Кога игра Македонија, тоа не треба да биде само натпревар во 20:45, треба да биде целодневен фудбалски ивент.

Цел ден музика, деца, штандови, дресови, македонски фудбалски легенди. Билетот треба да биде симболичен.

Ако можеме да направиме спектакл и да наполниме стадион за Дејвид Гета, можеме и за Македонија.

Да бидеме јасни:

Не е Дејвид Гета поважен од која било македонска репрезентација.

Но има и друга страна.

Не можеш да бараш од луѓето да купат билет, да го земат детето за рака и да дојдат да навиваат, ако не веруваат во тоа што го гледаат.

Довербата не се гради со прес конференции дека Мрме бил лош а не одведе на Европско, дека претходниот Претседател бил лош, сите биле претходни лоши а сега имаме Селектор кој има 6 порази по ред и нај вероватно и уште 16 утакмици да ги води ќе има уште 16 порази.

На Македонија не и треба Претседател кој има критериум за ред, убаво и модерно како што изгледа Автобуската Станица во Скопје, таа е пример како не треба да изгледа нешто што е од јавен интерес на државата.

Меѓутоа тоа е кога политиката се меша во се!

Затоа можеби секој тренер, селектор, директор или претседател што поминал низ македонскиот фудбал треба да си постави едно многу едноставно прашање:

Ако мојот син играше или игра за репрезентацијата — дали навистина беше меѓу двајцата најдобри во Македонија на својата позиција?

Не дали беше добар, не дали можеше да игра. Туку — дали беше меѓу најдобрите двајца на својата позиција во тој момент?

Сите знаеме дека има луѓе во македонскиот фудбал што треба искрено да си го постават тоа прашање.

Затоа што репрезентацијата не е клуб, во клубот можеш да имаш своја политика, своја школа, свој проект, свои играчи.

Репрезентацијата е нешто друго. Таму треба да играат најдобрите што Македонија ги има во тој момент на своите позиции.

Точка!

Затоа што тој дрес не е сопственост ниту на селекторот, ниту на претседателот, ниту на Федерацијата.

Тој дрес им припаѓа на сите граѓани на Македонија, а и на оние кои гледаат фудбал на ТВ а не сакаат да одат на стадион кога гледаат такви валканици.

Затоа репрезентацијата мора да биде најчистото место во македонскиот фудбал. Да не биде важно чие си дете. Кој ти е татко! Кој ти е менаџер! Кого познаваш!

Туку само:

Дали заслужуваш да играш за Македонија?

Кога луѓето ќе веруваат во тоа, тогаш имаме право да бараме од нив да го наполнат стадионот.

И тоа не е само во фудбал.

Во ракомет. Во кошарка. Во одбојка. Во секој спорт во кој некој излегува со Македонија на градите.

Истото важи и за културата. За филхармонијата. За театарот. За филмот. За музиката.

Ако сакаме нешто да биде македонско, прво мора да направиме луѓето да чувствуваат дека е нивно.

Затоа следниот пат кога Македонија ќе игра пред празни трибини, да не прашуваме само:

Каде е публиката?

Нека публиката се праша зошто не дошла.

Но нека се прашаат и тие што го водат спортот зошто народот престанал да верува.

На крај сите да си го поставиме истото прашање:

Сакаме ли навистина македонска држава?

Ако ја сакаме, тогаш и секоја репрезентација мора да биде наша.

Не моја!

Не твоја!

Не нивна!

Туку наша!

П.С: Секој навредлив коментар на национална или друга основа ќе биде избришан.

Поврзани вести