Skip to main content

Петар Сакрањац деби албумот ќе го претстави деби албумот со концерт во Сули ан на 21 јуни

Петар Саркањац, композитор дипломиран на Беркли во Бостон, Масачусец неговиот деби албум Conference of Grammars ќе го претстави со вокалисти и жичан квинтет во Сули Ан на 21 јуни во 20:00 часот. Вокалистите се изненадување, а жичаниот квинтет се мешани членови од Македонска опера и балет и Македонска филхармонија.

Песните се авторски и напишани на повеќе јазици: англиски, македонски, шпански, португалски и турски. Музиката има примеси на самба, фадо, џент (метал), и фолк, аранжирана за жичан квинтет.

Првиот сингл од албумот ќе излезе на 15 јуни. Гостува Андријана Јаневска.

Билети можат да се купат тука или на врата (200 е капацитет во Сули Ан, така што кој прв, тој услужен).

Поврзани вести