Skip to main content

Бразил ќе биде без Нејмар против Мароко

Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар ќе го пропушти првиот натпревар на Бразил од групната фаза на Светското првенство против Мароко, поради повреда на листот, изјави селекторот Карло Анчелоти.

Тој работи напорно за да се рехабилитира што е можно поскоро. Се надеваме дека ќе може да се врати на целосен тренинг следната недела“, рече Анчелоти.

Бразил стартува на Мундијалот вечерва на полноќ против Мароко во единствениот натпревар од групната фаза во кој ќе се соочат две репрезентации од Топ 10 на ФИФА рангирањето. Бразил е на шестото, а Мароко на осмото место.

Нејмар последен пат играше во натпревар од бразилската лига за својот клуб Сантос на 17 мај и ги пропушти сите подготовки на Бразил за Светското првенство поради повреда.

Поврзани вести