Skip to main content

Градоначалникот Ѓорѓиевски вети подобрување на комуналната хигиена

Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на Скопје, најави дека наскро ќе бидат поставени 2.600 нови контејрнери и порача дека приоритет во неговиот мандат е воспоставување функционален систем во градот и подобрување на комуналните услуги.

Тој посочи дека Скопје со години се соочува со сериозни инфраструктурни и организациски проблеми и додаде дека негова цел е да се изгради систем што ќе обезбеди редовно функционирање на градските услуги.

Тој во емисија на ТВ Телма посочи дека уште пред да ја преземе функцијата бил свесен за финансиската состојба на градот, за загубите во водоводната мрежа и за недостатоците на инфраструктурата.

Според него, целта е да се изгради систем кој нема да зависи од политичките околности и ќе обезбеди редовно функционирање на градските услуги.

– Нешто што недостасува долги години во Скопје е да се изгради систем кој нема да зависи од милоста на централната власт. Досега немавме систем и сега го градиме – посочи Ѓорѓиевски.

Како една од клучните мерки за подобрување на јавната хигиена, го најави поставување на 2.600 нови контејнери низ градот.

– Еве сега обезбедуваме 2.600 контејнери, а во изминатите 10 години вкупно не е обезбедена толкава бројка – нагласи скопскиот градоначалник.

Додаде дека во одредени делови од градот недостасуваат основни услови за нормално собирање на отпадот, посочувајќи дека само во општина Чаир недостигаат околу 180 контејнери, што придонесува за создавање диви депонии.

Ѓорѓиевски оцени дека состојбата со одржувањето на јавните површини, зеленилото и комуналната хигиена е подобрена во споредба со претходниот период и најави продолжување на инвестициите во механизација и опрема за градските служби.

Поврзани вести