Skip to main content

Пожар зафати викендички кај Штип, повреден е сопственик, се гаси и со авион на ДЗС

Повторно се активираше пожарот над штипската населба Кадидаре. Во моментов горат лозја во викенд населбата Кумлак. Има изгорено и една викенд куќа, а повреден е и сопственикот кој веднаш е пренесен во Штипската клиничка болница, потврди директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

Од Центарот за управување со кризи соопштија дека ТППЕ Штип првично интервенирала со екипа од 3 пожарникари и едно противпожарно возило, а поради влошување на состојбата, во 15:20 часот на терен биле ангажирани вкупно 20 пожарникари и 4 противпожарни возила. Во гаснењето се вклучи и ДПД Штип со 4 возила и 12 членови.

Од пожарот се зафатени сува трева и грмушки, а поради силниот ветер тој брзо се шири на тешко пристапен терен. Од пожарот се зафатени и неколку викендички.

Поради влошување на состојбата, покрај екипите на ТППЕ Штип и ДПД Штип, повикани се и екипи од околните територијални противпожарни единици во регионот. Активиран е и авион на Дирекцијата за заштита и спасување, а преку ЕЛС е побарана дополнителна помош од соседните општини.
Пожарот добива на интензитет, а сите расположливи локални единици се ангажирани на терен во обид да се стави под контрола огнената стихија.

Поврзани вести