
Пожар вечерва избувнал во подземниот паркинг на КАМ мол во скопската населба Ѓорче Петров, по што посетителите биле евакуирани од објектот
Според првичните информации, се запалило возило во подземниот паркинг, а чадот почнал да се шири и низ вентилацискиот систем на трговскиот центар.
Очевидци сведочат дека автомобилите со полициска асистенција еден по еден го напуштаат паркингот, а на дел од нив се забележуваат траги од чад.
Засега нема официјални информации за причината за пожарот, ниту потврда дали има повредени лица.

Македонски



