Skip to main content

Голем број делови од Скопје и скопско утре ќе бидат без струја

ЕВН Македонија известува дека утре без електрична енергија ќе останат делови од Кисела Вода, Сарај, Карпош, Гази Баба, Аеродром и Сопиште.

Од 08:00 – 12:00 часот без електрична енергија ќе остане улицата Партизански Пат;
Од 08:00 – 14:00 часот без електрична енергија ќе останат село Рашче, Хлорна станица Рашче, село Бојане, село Копаница, дел од село Кондово;
Од 09:00 – 09:30 часот без електрична енергија ќе останат дел од потрошувачите од улицата Иван Цанкар;
Од 09:00 – 12:30 часот без електрична енергија ќе останат улиците 1 и 2 во Нова населба Хиподром;
Од 09:00 – 15:00 часот без електрична енергија ќе остане улицата Владимир Комаров;
Од 11:00 – 15:00 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улицата Ванчо Мицков;
Од 13:00 – 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на улицата „1“ од Сопиште кон Горно Соње.

Поврзани вести