Skip to main content

Мажите во овие четири знака се вистински мамини синови

Freepik

Блискиот однос со родителите е нешто сосема природно, но кај некои мажи, таа поврзаност, особено со мајката, станува толку силна што може да влијае и врз љубовниот живот.

Според астролозите, одредени хороскопски знаци се познати по тоа што тешко излегуваат од сенката на мајка им. Нејзиното мислење им е од пресудно значење, почесто ѝ се доверуваат нејзе отколку на партнерката, а во конфликтите помеѓу двете најважни жени во нивниот живот, неретко застануваат токму на страната на мајка им.

Рак
Мажите родени во знакот рак се познати по силната поврзаност со семејството. Мајката ја доживуваат како личност од најголема доверба и често бараат нејзин совет, дури и кога се во долги и сериозни врски. Ја освојуваат партнерката со својата емотивност и грижливост, но проблемот настанува кога мислењето на мајка им станува поважно од заедничките одлуки.

Бик
Биковите сакаат сигурност, стабилност и познато опкружување. Затоа, многу се врзани за семејните навики што ги усвоиле за време на детството. Во врската честопати го очекуваат истото внимание, грижа и посветеност какви што добивале од мајка им, па партнерките понекогаш имаат впечаток дека мораат да исполнат многу високи стандарди.

Девица
Иако важат за рационални и промислени мажи, девиците ретки ги игнорираат советите на нивните мајки. Нивното мислење го сметаат за драгоцено и често го земаат како конечна насока при донесувањето важни одлуки. Поради тоа, партнерките можат да стекнат чувство дека постојано се споредувани со личност која во нивните очи речиси никогаш не греши.

Лав
Лавовите сакаат да оставаат впечаток на самоуверени и доминантни мажи, но зад таа надворешна слика, често се крие силна потреба за мајчиното одобрување. Многу лавови сакаат да останат „совршени синови“, па внимателно ќе ги слушаат советите на мајка им, дури и кога станува збор за љубовниот живот.

Поврзани вести