
Хајделберг Факултет во Скопје го објави официјалниот конкурс за запишување студенти на прв циклус стручни студии за академската 2026/2027 година, отворајќи можност за новата генерација млади луѓе кои сакаат да го градат своето образование и кариера според германски стандарди, со силен фокус на практична подготовка, личен развој и поврзување со реалниот бизнис-сектор.
Во новата академска година, Хајделберг Факултет во Скопје запишува вкупно 30 студенти на студиската програма Бизнис администрација – банкарство, осигурување и контролинг, од кои 25 редовни и 5 вонредни студенти. Наставата се реализира на македонски и англиски јазик, а студиите траат шест семестри, од кои еден семестар се реализира во Германија.
Како прва германска високообразовна установа од овој тип во Македонија, Хајделберг Факултет во Скопје нуди поинаков пристап кон високото образование, во кој освен што учат теорија, студентите од самиот почеток се подготвуваат за реални професионални предизвици. Програмата е насочена кон развој на современи бизнис-компетенции во областите банкарство, осигурување, контролинг и бизнис администрација, со цел студентите да се стекнат со знаења и вештини кои се барани на пазарот на труд.
Она што го издвојува Хајделберг Факултет во Скопје е германскиот модел на образование, кој ја поврзува академската настава со практичната подготовка и кариерниот развој. Студентите добиваат можност да учат во мали групи, со лична поддршка од професори и ментори, како и пристап до дополнителни активности кои им помагаат да се подготват за идната професионална кариера.
За кандидатите кои ќе се запишат на прв циклус студии, Хајделберг Факултет во Скопје ќе организира подготвителна настава со истакнати ментори, професори од Германија и искусни претприемачи, како и кариерно советување и мотивациски обуки преку Школата за управување со таленти. Дополнително, студентите ќе имаат обуки за подготовка на биографија, мотивациско писмо и интервју за работа – вештини кои се клучни за успешен влез на пазарот на труд.
Право на запишување имаат кандидати кои положиле државна или меѓународна матура, како и кандидати со завршено четиригодишно средно образование според условите утврдени во конкурсот. Доколку бројот на пријавени кандидати е поголем од предвидениот број слободни места, изборот ќе се врши преку рангирање, врз основа на тест и интервју спроведени од комисија составена од германски професори од Хајделберг Факултет во Скопје.
Уписниот рок започнува со објавувањето на конкурсот и трае до 1 октомври 2026 година.
Повеќе информации за конкурсот може да се добијат во просториите на Хајделберг Факултет во Скопје, на телефонскиот број 070 355 656, на контакт мејлот [email protected], како и преку официјалната веб-страница на факултетот.
За Хајделберг бизнис школа – Факултет Скопје
Хајделберг бизнис школа – Факултет Скопје е германска приватна високообразовна установа, која нуди практично и меѓународно ориентирано образование во областа на бизнис администрацијата, со фокус на банкарство, осигурување, маркетинг и контролинг.

Македонски



