
Во текот на вчерашниот ден во СВР Скопје биле пријавени за починати две жени.
Прво, во 11:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во основно училиште во с.Црешево, скопско, каде била вработена, на В.Ѓ.(57) и се слошило и починала. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насоки од јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.
Кратко потоа е пријавено дека во домот на подрачјето на општина Аеродром била пронајдена почината Д.А.(59). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насоки од јавен обвинител телото на починатата било дадено за обдукција.

Македонски



