
Тој нагласи дека во тек се повеќе законски и стратешки процеси, меѓу кои нов закон за култура, национална стратегија за развој на културата 2026 – 2030 и стратегија за развој на туризмот 2027 – 2030, кои, како што рече, треба да бидат завршени до крајот на годинава.
Во делот на капиталните инвестиции, министерот посочи дека за изградба, реконструкција и санација на културни објекти се предвидени 407 милиони денари, од кои до јуни се реализирани речиси 100 милиони денари.
Според него, до крајот на годинава се очекува завршување повеќе капитални проекти, меѓу кои театарот во Струмица, реконструкцијата на поранешното кино „Партизан“, реновирањето на просториите на Националната установа „Џез-оркестар“ и санацијата на терасите во Македонскиот народен театар.
Посебно задоволство претставува динамичната и успешна реализација на реконструкцијата на Универзалната сала во Скопје. Со сегашната брзина на работите реконструкцијата треба да заврши во предвидениот договорен рок – рече Љутков.

Македонски


