
Кои се лековите кои треба да ги понесете со себе „за секој случај“ кога одите на одмор, според препораките на лекарите од Здравствениот дом во Ниш:
Пред сè, во вашата „патничка аптека“, препорачливо е да имате пробиотик за стомачни тегоби и прашок за рехидратација што се користи после повраќање и дијареа.
Потребно е да понесете антипиретични лекови, т.е. лекови за намалување на температурата, лекови за алергии, капки за очи и спреј за нос, спреј за миење на рани, ханзапласт, топломер и секако – креми или спрејови за сончање со заштитни фактори.
Луѓето кои се чувствуваат лошо додека се возат треба да земаат лекови против гадење, а пожелно е да се има и крема или спреј против комарци.
Ако одите на море со деца, не би било лошо да почнете да им давате пробиотик една недела пред патувањето, за да го подготвите детското тело за промената на климата.
Во случај да ве касне морски еж или да ве изгори медуза, првата помош е да испиете лек против алергии, а потоа да се јавите во најблиската клиника, велат од Здравствениот дом во Ниш.
Лекарите потсетуваат дека дури и на море не треба да се изложуваме на сончевите зраци помеѓу 10 часот наутро и 17 часот, да користиме креми за сончање со заштитни фактори и да ја заштитиме главата и лицето со капа и очила за сонце.

Македонски



