
Вчера во 11:15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Рудничка“ во Кичево, електричен тротинет, управуван од 13-годишен малолетник од Кичево, удрил во паркирано патничко возило „опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, паркирано од Г.Д.(47) од Кичево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицински центар Кичево, велат од МВР додавајќи дека извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.

Македонски


