
Изолирана појава на нестабилност утре и нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер в четврток на повеќе места, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи.
-Локално утре и во четврток процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град, соопшти УХМР.
Според прогнозата на Управата, преодно стабилизирање на времето ќе има од петок.

Македонски


