Skip to main content

Три лица починаа во САД по контакт со непозната наркотична супстанција

Три лица починаа, а повеќе од десетина припадници на службите за итна медицинска помош се хоспитализирани по контакт со непозната наркотична супстанција во американската сојузна држава Њу Мексико, соопштија синоќа властите во САД, пренесува ДПА.

Првите екипи кои пристигнале на местото на настанот ги откриле телата на починатите во приватна куќа во малото гратче Маунтиниер. Набрзо по интервенцијата, според изјавата на градоначалникот, спасувачите почнале да се жалат на силни главоболки, зашеметеност и повраќање.

Американските власти соопштија дека супстанцијата се смета за исклучително опасна, а првичните податоци укажуваат дека симптомите се појавиле по директен физички контакт, а не преку воздух.

На местото на инцидентот било пронајдено и четврто лице, кое е живо и во моментов му се укажува неопходната медицинска помош.

Истрагата на случајот ја водат специјализирани тимови за справување со опасни материи.(МИА)

Поврзани вести