Skip to main content

Протест на најдобрите светски тенисери

До почетокот на Ролан Гарос остануваат уште неколку денови (стартот е на 24.мај – недела), а најдобрите тенисери и тенисерки планираат да протестираат поради намалените парични награди со намалените активности на Ролан Гарос.

Одбраните играчи кои ќе учествуваат со медиумите во петок по 15 минути во знак на протест ќе ја напуштат салата, што симболизира 15% колку што Гренд слем турнирите даваат од свои приходи за наградниот фонд. Притоа другите играчи нема да даваат дополнителни интервјуа за главните партнери на турнирот „ТНТ спорт“ и „Евроспорт“.

Притоа играчите откако ги прочитаа правилата знаат дека нема да бидат казнети ако ги исполнуваат договорените обврски за кусите интервјуа по секој меч.

Наградниот фонд за Ролан Гарос се зголеми за 9,5% во однос на претходната година, но исто така приходите им пораснаа за 14%, што значи дека делот за приходи на тенисерите се намали.(МИА)

Поврзани вести