Skip to main content

Битолски театар почна нов проект: „Жиголо“ од Игор Кузмановски премиерно на 1 март

Најголем празник за една театарска институција е почетокот со работа на нов театарски проект, информираат од Битолскиот театар.

Како што ветивме минатата година, работата во 2025 година ја започнуваме со праизведба на македонскиот текст “Жиголо” од авторот Игор Кузмановски во режија на Благој Мицевски. Сценографијата е на Сергеј Светозарев, костимите на Благој Мицевски а музиката на Марјан Неќак, драматург е Оливера Павловиќ. Во претставата играат Марјан Георгиевски, Соња Михајлова, Марија Стефановска, Маја Андоновска Илиевски и Никола Пројчевски.

Претставата ќе биде реализирана од сопствени средства а премиерата е закажана за 01 март 2025.

Претставата по текст на Игор Кузмановски, „Жиголо“, во режија на Благој Мицевски кој е и костимограф на претставата, композитор Марјан Неќак, сценограф Сергеј Светозарев. Премиерата ќе биде на 1 март и тоа ќе биде првата премиера на НТБ за 2025, и е реализирана со сопствени средства-информираше неодамна на прес-конференција директорот на Битолскиот Народен театар Васко Мавровски.

Поврзани вести