
Во Герила кафе утре вечер, среда 20 мај, со почеток во 20 часот ќе се одржи ревија на кратки филмови од последните две изданија (2024 и 2025 година) на ФИЛМАЈ, фестивал на краток филм, во организација на Фото-кино клуб „Козјак“.
Пред публиката ќе бидат прикажани осум кратки филмови од различни земји, а влезот е бесплатен за сите посетители.
Ревијата е најава и загревање за публиката една недела пред почетокот на осмото издание на ФИЛМАЈ 2026 – фестивал на краток филм, кое ќе се одржи на 27 и 28 мај, во среда и четврток, со почеток во 20 часот, во Големата сала на Занаетчиски дом.
На ревијата ќе бидат прикажани следните филмови:
- „Прошетка“ – Македонија
- „Достоинствено“ – Русија
- „Нова“ – Русија
- „Синкопат“ – Шпанија
- „Дрвја бојосани со катран“ – Данска
- „Бабушки“ – Русија
- „Пиљарот и сопругот“ – Шпанија
- „Жими се’ најмило“ – Филипини

Македонски


