
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Република Словенија, денеска во Љубљана беше пречекана со највисоки државни и воени почести од словенешката претседателка, Наташа Пирц Мусар.
Предвидено е претседателките да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словенечката делегација.

Во рамки на посетата Сиљановска-Давкова ќе оствари средба и со претседателот на Државниот збор на Република Словенија, Зоран Стевановиќ.
Предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да положи венец пред Споменикот на жртвите од сите војни и жртвите поврзани со војните.
Македонската претседателка вчера ја посети Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ во Љубљана и оствари средба со членовите на Сојузот на Македонските културни друштва и Црковните одбори.
Таа се сретна и со македонски иселеници кои работат во областа на науката, културата, медицината.
Претседателката Сиљановска-Давкова вчера попладнето одржа состанок со членовите на Македонско-словенечкиот бизнис клуб, додека во Крањ го посети Македонското културно друштво.

Македонски

